Пендаровски и Вучиќ заедно ја поздравија одлуката на СПЦ за автокефалност на МПЦ

101

Претседателот Стево Пендаровски објави дека имал кратка средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, на која заеднички ја поздравиле денешната одлука на СПЦ за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

-Со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ на кратка средба во Давос заеднички ја поздравивме одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ – ОА, како чекор во вистинска насока, истакна Пендаровски.