Пендаровски изрази сочувство до хрватскиот претседател Миланoвиќ за настраданите од земјотресот

37

Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ. Пендаровски изразил сочуство за настраданите од земјотресот кој вчера ја погоди Хрватска, и истакна уверување дека брзо ќе се санираат последиците од оваа катастрофа.

Во телефонскиот разговор со хрватскиот претседател Зоран Миловановиќ изразив сочуство на семејствата коишто ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси што ја погодија Хрватска. Верувам дека земјата и сите нејзини граѓани бргу ќе ги санираат последиците од оваа природна катастрофа.“, стои на профилот на Фејсбук на Пендаровски.