Пендаровски го потпиша указот, партиите ќе си ги земат парите

46

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии, информира Кабинетот на претседателот.

– Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес – се вели во соопштението.