Патник добил казна од 1.000 евра поради зборови кои не смеел да ги каже

123

Неименуваниот 50-годишен Русин е посиромашен за приближно илјада евра од средата бидејќи се пошегувал во авионот на начин на кој не требало.

Имено, откако патниците од Ухта се качиле на летот за Москва во ноември, односно откако стјуардесата го замолила јунакот од оваа приказна да седне на своето место за да не се одложи полетувањето, пијаниот патники рекол дека ќе има доцнење затоа што – тој е терорист!

Откако го кажал тоа, тој сепак ја послушал стјуардесата и заспал на неговото место, а се разбудил кога пристигнала полицијата бидејќи капетанот за секој случај ги известил властите.

Обезбедувањето потоа го прегледало и него и авионот за да се увери дека нема експлозивни направи, а откако било утврдено дека човекот само прави глупава шега, авионот полетал за руската престолнина.

Човекот целосно ја прифатил и ја признал вината, а во средата судот го осудил на парична казна од 100.000 рубљи или 986 евра.