Париската Филхармонија го откажа концертот на пријателот на Путин, Валериј Георгиев

104

Париската Филхармонија соопшти дека го откажала концертот на диригентот Валериј Георгиев, близок со Владимир Путин „од солидарност со украинскиот народ“.

„Поради руската инвазија на Украина, Париската Филхармонија ќе ја измени својата програма во идните месеци, од солидарност со украинскиот народ…Концертите кои се на програмата на 9 и на 10 аперил во големата сала „Пјер Буле“ веќе се откажани“ – пишува во соопштението од оваа установа.

Истовремено, Варбиер Фестивал, угледен фестивал на класична музика во Швајцарија, објави дека „побарал и прифатил“ оставка на георгиев на функцијата музички директор на оркестарот.

Во петокот, славната њујоршка сала „Карнеги Хол“ прва објави дека рускиот диригент го искучува од настапите.

Ден пред тоа, миланска Скала го повика маестро Георгиев јавно да се зазаеме за мирно решавање на судирот, заканувајќи му се со прекин на соработката во двете следни изведби на „Пикова дама“ од Чајковски кои се на програмата на 5 и на 13 март.

Валериј Георгиев (68) е главен директор на Маријинскиот театар во Санкт Петербург и еден од најбараните диригенти во светот.

Поради пријателството со Владимир Путин, кок го познава од 1992 година и поддршката на рускиот претседател во врска со анексијата на Крим, како и со учеството на концертите во бомбардирана Јужна Осетија и во Палмира каде застана на страната на сириската војска, Георгиев е во средиштето на многу полемики во последните десет години.