Пакистан ја преиспитува одлуката за нормализација на односите со Индија

32

Пакистан денеска ја одложи одлуката за укинување на забраната за трговија со Индија, потег што уште еднаш предизвика сомнежи за нормализирање на односите меѓу двата соседи кои се нуклеарно вооружени.

– Владата не донесе никаква одлука за продолжување на трговијата со Индија, изјави министерот за наука и технологија Фавад Чаудри.

Тој рече дека одлуката на Комитетот за економска координација (ЕКС) за дозволување увоз на памук и шеќер е препорака која не е обврзувачка за кабинетот.

Одлуката следуваше неколку дена откако премиерите на земјите изразија желба за мирни односи преку размена на писма.

Во февруари, двете земји се согласија да го поддржат примирјето во спорниот регион Кашмир.

Од потпишувањето на договорот за прекин на огнот во 2003 година, повеќе од 300 Пакистанци се убиени во судирите преку Линијата на контрола (ЛоК), де факто граница долга 740 километри која го дели Кашмир на два дела.

Извор:МИА