Израел е водечка држава во вакцинацијата против ковид-19, а во оваа земја, 2,6 милиони луѓе, од околу девет милиони жители, примиле барем една доза од вакцината, пренесува Ројтерс.

И, како што се надеваа експертите, според прелиминарните израелски податоци, вакцините се ефикасни, како што беше ветено на почетокот на имунизацијата.

Од 128.600 Израелци кои ги примиле обете дози на вакцината Фајзер, само 20 лица после тоа заболеле од вирусот, што е многу ниска стапка, односно огромен успех, соопштија израелските здравствени власти.

Веста е всушност дури и подобра. Имено, половина од тие 20 лица страдале од хронични заболувања, а никој од нив немал тешки симптоми.

„Сите пациенти имале лесна болест со симптоми кои вклучуваат главоболка, кашлица, слабост или замор“, се вели во соопштението на израелската организација за одржување на здравјето Макаби.

„Никој не беше хоспитализиран, ниту имаше температура над 38,5 целзиусови“, пренесува futurism.com

Ова е добра вест за Израел, земја, која што во во моментов е зафатена од најлошиот бран на ковид-19 досега, а бројот на заразени расте во последните денови.

Како одговор, Израел во неделата одлучи да го затвори својот меѓународен аеродром за повеќето летови.