ОФИЦИЈАЛНО: Рамос е нов фудбалер на ПСЖ

33

Легендарниот фудбалер на шпанскиот гигант Реал (М), Серхио Рамос, и официјално е нов играч на францускиот прволигаш ПСЖ. Централниот дефанзивец пристигна на „Паркот на принцовите“ како слободен фудбалер, а во следните две сезони ќе има годишна плата од 12 мил. евра.

  • Горди сме што претставуваме еден од најголемите фудбалери на нашето време. Среќни сме што го објавуваме трансферот на Серхио Рамос во нашиот тим. Серхио е еден од најдобрите бранители на нашето време, роден лидер и професионалец. Неговото искуство и амбиција се во совршена хармонија со ПСЖ. Горд сум што го гледам во дрес на нашиот клуб и сигурен сум дека навивачите ќе му приредат неверојатно добредојде, истакна Насер Ал-Хелаифи на официјалната веб-страница на ПСЖ.