ОФИЦИЈАЛНО: Перишиќ нов играч на Баерн (М)

70

Репрезентативецот на Хрватска, Иван Перишиќ, и официјално е преставен како најнова летна аквизиција на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М).

Крилниот напаѓач пристигнува како позајмен играч од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер. За едногодишната позајмица Баерн (М) ќе одвои 5 мил. евра, а на крајот од сезоната ќе биде откупен договорот на Перишиќ за 20 мил. евра.