Отстранета последната цистерна со амонијак што излета од шините во Пирот

70

Tехничките екипи денеска во Пирот го подигнаа последната, четврта цистерна која се лизна од шините. Одлуката за укинување на вонредната состојба ќе биде донесена во понеделник, потврди градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, за Euronews Србија.

Како што наведе, сега е потребно да се превезат цистерни од железничката станица во Пирот и од околината пред повторно да се воспостави сообраќајот и потоа да се поправи делот од пругата каде дошло до пролизгувањето.

Несреќата на пругата кај Пирот се случи на 25 декември минатата година кога четири од 20-те вагони-цистерни со амонијак излетаа од шините. По несреќата, повеќе од 50 лица се хоспитализирани поради симптоми на труење.