Откритие во Хрватска: На Корчула под вода пронајдени остатоци од пат стар речиси 7.000 години/ВИДЕО

520

Археолозите од Универзитетот во Задар објавија остатоци од пат стар речиси 7.000 години како дел од подводните археолошки истражувања на потопеното неолитско наоѓалиште Солине на островот Корчула.

Археолозите изјавија дека под наслагите од морската кал откриен е пат што ја поврзува потопената праисториска населба на културата со брегот на островот Корчула.

Станува збор за внимателно наредени камени плочи кои биле дел од патот широк четири метри кој вештачки создадениот остров го поврзува со брегот.

Врз основа на анализата на дрвото пронајдено во последните археолошки истражувања, целата населба е датирана околу 4.900 години пред нашата ера, објави Индекс, а пренесува Танјуг.

Во исто време, на другиот крај на островот Корчула, археолозите од Универзитетот во Задар вршат истражување на земјиштето во близина на заливот Градина до Вела Лука.

Водачот на истражувањето Игор Боржиќ забележал чудни градби во морето на заливот, а археолошкиот тим што го испитувал локалитетот Солине го прегледал централниот дел на заливот Градина и на длабочина од четири до пет метри открил постоење на населба речиси идентично како и во Солин, се посочува во соопштението.

На локалитетот наводно биле пронајдени неолитски артефакти, како камени секири.