Откриена строго чуваната тајна на Баерн (М)

204

Новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг, предизвика фудбалски „земјотрес“ со информацијата дека челниците на старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), веќе со недели работи на трансферот на голгетерот на Ливерпул, Садио Мане.

  • Тоа што беше објавено сега конечно е и потврдено: Салихамиџиќ го сака Мане! Сенегалецот е топ-трансфер на Баерн (М) за ова лето. Тренерот, Јулијан Нагелсман веќе е информиран за клупските планови. Станува збор за строго чувана тајна внатре во клубот и веќе се одржани првите разговори, пишува Флоријан Плетенберг на социјалните мрежи.

Мане се пресели на „Енфилд“ во 2016 година од тимот на Саутемптон и моментално важи за еден од најдобрите офанзивни фудбалери на денешницата. Баварскиот гигант е во потрага по фудбалер кој што може да биде достојна замена на полскиот интернационалец Роберт Левандовски кој и официјално потврди дека сака да си замине од „Алијанц арена“ на крајот од актуелната сезона. Репрезентативецот на Сенегал според „Трансфермаркет“ е проценет на околу 80 мил. евра, а неговиот договор со Ливерпул е со важност до 30. јуни 2023 година.

Кога е во прашање актуелната сезона, Мане на одиграните 49 натпревари има постигнато 22 погодоци и запишано пет асистенции.