Деновиве се појавија папарацо фотографии на кои пејачката Медисон Бир се  крие зад дрво по посета на пластичен хирург.

По овие фотографии  Миа Калифа ја обвини Медисон дека се крие зад  дрвото затоа што не сака сите да знаат дека била кај пластичен хирург. На оваа објава пејачката се огласи дека не е во ред да се обвинува некој и да се злоупотребува нечија приватност затоа што тоа може да влијае негативно врз  нечие здравје, па дури да доведе и до депресија.

„Масовното вознемирување не е во ред, според мене. Жал ми е. Злоупотребување на туѓата приватност е проблем што доведува до самоубиство и депресија веќе со години, а луѓето не се обидуваат да го променат тоа. Фокусирајте се на сопствените животи и престанете да ширите омраза кон лица што ви се непознати“, напиша Медисон.

Во меѓувреме на „Твитер“ еден нејзин обожавател напиша дека иако ја сака нејзината музика дека е фрустрирачки да ги лаже и дека не е во ред кон другите девојки за кои таа е идол да мислат дека таа така изгледа природно.

Потоа пејачката на социјалните мрежи напиша дека била кај лекар поради бенка кој требала да ја отстрани.

„Отидов на лекар на консултација за бенка што треба да ја отстранам, што не треба ни да објаснувам бидејќи тоа е моја приватна работа. Јас не се скрив. Го чекав автомобилот и излегов најнормално. Но, сите ги игнорираат тие фотографии. Поради оваа ситуација добив смртни закани. Гледате ли каде е проблемот?“, му возврати таа.