Двократната европска шампионка во кревање на тегови, Романката, Кристина Јову е суспендиран на осум години заради кршење на правилата за анти-допинг агенцијата, објави Меѓународната федерација за кревање тегови (ИВФ).

Како што се наведува во информацијата, суспензијата на 27-годишната Јову ќе се смета од 15 декември 2018 година. Тогаш Романката беше дисквалификувана поради замена на крв за тетстирање.

Јову е освојувачка на бронзениот медал на Олимписките игри во 2012 година во категорија до 53 кг. Подоцна, ИОК ја лиши од наградата поради позитивен допинг тест.