Оргинално решение – Ротердам доби пешачка патека на покривите на згради

138

Жителите на една од најгусто населените земји во Европа – Холандија, одлучија да покажат како крововите на зградите може да се пренаменат, па на една изградија патека за пешаци која нуди бројни содржини и живот во градот преселен на височина.

Здружението „Rooftop Days” со седиште во пристанишниот град Ротердам, изгради пешачка патека која ги поврзува крововите на трговските центри во централното градско подрачје, сакајќи на тој начин да покаже како би можел градот да се развива урбанистички во иднина.

Членовите на здружението се грижат за различни работи, од производство и складирање на вода, до изградба на пешачки патеки на кровови укажувајќи како може да се пренамени неискористениот простор во најголемото европско поморско пристаниште.

Портокаловата пешачка патека е долга 600 метри, а делницата на овој „воздушен мост“ го поврзува Светскиот трговски центар со една стоковна куќа на височина од 29,5 метри.

Покрај патеката која ќе биде отворена на 24 јуни, се наоѓаат мали турбини на ветар, соларни панели, уметнички галерии и платформи за слетување на дронови.