Општина Центар го обнови книжниот фонд во читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“

50

По повод Денот на македонскиот јазик со 100 нови најпродавани наслови, Општина Центар го обнови книжниот фонд во читалните: „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“.

-Читањето е богатство кое трае цел живот, а секоја прочитана книга е нов прозорец и видик на светот. Книгите будат фантазија и ја развиваат мислата и имагинацијата и затоа дружбата со книгите е вистинско уживање. Јас сакам да читам и таа љубов кон книгата им ја пренесувам и на моите момчиња дома. На мое задоволство во книжарите има се повеќе книги на македонски јазик од наши нови автори и затоа е важно читањето книги да ги развиваме уште од најрана возраст – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и додаде дека македонскиот јазик е темелот на нашиот македонски идентитет и оти наша обврска е постојано да го негуваме и афирмираме.