Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчиња

333

Општина Кисела Вода денеска додели 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња.

Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.

Локалната самоуправа, помошта во висина од 6.000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.

Како што информираат од Oпштината, за добивање на парична помош семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.