Општина Илинден донира брзи ковид тестови во училиштата

133

Општина Илинден донира брзи тестови за утврдување на ковид-19 во трите основни училишта и средното општинско стручно училиште „Илинден”.

Од Општината сметаат дека со донацијата на тестовите за брза детекција се овозможува ефикасно спречување на ширење на инфекцијата во училиштата, каде наставата се одвива со физичко присуство на учениците.

– Континуираното следење на состојбата со ковид-19 и брзото дијагностицирање во училиштата, е од голема важност, со цел преземање на навремени и соодветни мерки за спречување на ширење на заразата меѓу учениците и вработените во училиштата – соопштија од Општина Илинден.