Општина Бутел асфалтираше шест улици

68

Општина Бутел го заврши асфалтирањето на шест улици во населените места Радишани и Визбегово.

Како што информираат од Општината, со оваа летна градежна активност, асфалтирани се улици со вкупна должина од над 1.200 метри.

Средствата во висина од 5.000.000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Бутел, додека изведувач на работите е фирмата „Гама Градба“ од Скопје.

– Станува збор за следниве четири улици во Радишани: крак на „Радишанска“ лево покрај реката Серава, во должина од 190 метри; крак на улицата „60“, во должина од 170 метри; крак на улицата „50“, во должина од 150  метри и крак на улицата „56“, во должина од 110 метри. Во Визбегово завршени се улиците: „2/5“, во должина од 350 метри и  „3/2“, во должина од 230 метри- информираат општинските власти.