Оперската претстава „Кавалерија рустикана“ во НОБ

185

Во Националната опера и балет, на 15 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се изведе оперската претстава „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи, во режија на Џандоменико Вакари од Италија.

Во операта настапуваат солистите Весна Ѓиновска-Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, како и хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Сценографијата е Зоран Николовски, а костимограф е Елена Дончева.

„Кавалерија рустикана“ е трагичната приказна за еден љубовен триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.