Иако селекцијата на Србија ветуваше многу на Миндобаксетот во Кина, пред сè поради одличниот старт и убедливите победи над Филипини, Ангола, Италија, сепак не успеа да се пласира ниту меѓу најдобрите четири репрезентации на Светското првенство. Тие во четвртфиналето претрпеа болен пораз од Аргентина со 97:87, па така останаа без шанси за медал.

Сега, се поставува прашањето дали ова е крај за селекторската ера на Александар Ѓорѓевиќ? Можеби ја врати репрезентацијата на самиот врв, освои три сребрени медали од големите натпреварувања, но кога беше најпотребно, и кога сите конечно очекуваа злато – разочара.

Нашиот северен сосед на овој Мундобаскет располагаше по имиња веројатно со најсилниот тим во последната деценија, но и покрај тоа не дојде до целта.

Пред „орлите“ се уште два меча во Кина, кои би можеле да им донесат пласман на Олимписките игри во 2020 година, но српските медиуми пишуваат дека сериозно се тресе столчето на Ѓорѓевиќ доколку не успее да дојде до местата кои водат на Олимпијада, а за таквиот расплет се прашуваат и останатите. Имено, Србија ќе мора да заврши како второпласирана репрезентација од европските доколку сака место на најголемиот спортски собир на планетата, а едното место е веќе резервирано за селекцијата на Шпанија.

На Ѓорѓевиќ му истекува договорот со репрезентацијата по Мундобаскетот и сè уште ниту една страна не се огласи околу евентуално продолжување. Неуспехот на Блискиот Исток би можел да биде и крај на таа приказна.