Трикратната олимписка шампионка во фрлање кладиво Анита Влодарчик го повредила коленото додека бркала крадец кој се обидел да ја ограби. Полјачката се повредила додека го бркала крадецот кој се обидел да упадне во нејзиниот автомобил, а на крајот го фатила.

  • Само што го фатив крадецот и го предадов на полиција, напиша Влодарчик во објавата на Инстаграм заедно со фотографија од автомобилот со траги од гребнатини.

Сепак, не и било толку лесно, бидејќи на почетокот на неделава ќе треба да се оперира, по што ќе следи пауза од натпреварувањето. Под знак прашалник е и настапот на Светското првенство кое се одржува во јули.

  • И благодарам на полската полиција за брзата интервенција. По мојата кариера мислам дека ќе се борам во ММА или УФЦ како нашата шампионка Јоана Једжејчик бидејќи крадецот беше повреден…, додаде Влодарчик.

Инаку, Анита стана првата жена која победила на Олимпијади во низа.