Бразилскиот парламент усвои закон со кој му даде почесно државјанство на седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, во знак на признание за неговата приврзаност кон Бразил и легендарниот возач Аиртон Сена.

  • Добив почесно државјанство во едно од моите најомилени места во светот. Во моментов немам зборови. Ти благодарам Бразил, те сакам, и одвај чекам повторно да те видам, објави Хамилтон на својот инстаграм-профил.