Од полноќ цела Франција е во карантин, работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи Франција се реши на овие драконски мерки поради претпзливост по се она што се случува во Италија и Шпанија.

Затворени се кафулињата, продавниците, рестораните и кината, а јавниот транспорт ќе биде значително редуциран. Премиерот Едуар Филип рече дека исклучок од забраната ќе бидат продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

Од коронавирусот во светот досега умреа речиси 6000 луѓе, а за над 150 илјади е потврдено дека се заразени, велат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс кои постојано се ажурираат.