Одложенo рочиштето за „Моќник“ поради смрт на еден од обвинетите

71

Рочиштето за случајот „Моќник“ кое требаше да се одржи денеска, се презакажува за 17-ти мај поради смрт на еден од обвинетите, соопштуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

Во случајот „Моќник“ се обвинети пратеникот Антонијо Милошоски и уште 12 лица. Милошоски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за измама. Се товари дека вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

Прво и второобвинети се таткото на пратеникот, Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески. Меѓу обвинетите има и членови на некогашната Лустрациска комисија.