Одлични вести за Барса, Манчестер Сити и Јуве

44

Преостанатите реванши од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони нема да биде префрлен на неутрални стадиони, тврди шпански „АС“.

Претходно беше одлучено четвртфиналето, полуфиналето и финалето да се играат во Лисабон во формат „Финални осум“ од 12 до 23 август.

Сепак, прашањето за одигрување на четирите возвратни натпревари од осминафиналната фаза останува отворено.

Во моментов, во оваа фаза останува да се одиграат средбите
Јувентус – Лион, Манчестер Сити – Реал (М), Баерн (М) – Челзи и Барселона – Наполи.

УЕФА објави дека средбите ќе се одржат на 7 и 8 август, но сè уште не го објавиле местото.

„АС“ известува дека в петок ќе има официјална потврда дека домаќините ќе ги примаат гости на своите стадиони.