Одзема здив: Кањон на Антилопите – нереални слики на камен и светлина
Кањонот на Антилопите се наоѓа во американската сојузна држава Аризона во средиште на резерватот на Навахо Индијанците. Се создал со дејство на водените порои низ варовничката и песочна почва. Кањоните од овој вид се карактеризираат со мала ширина на врвот на кањонот (еден до пет метри), а во длабочина која може да биде до 50 метри, ширината се зголемува до 30 метри и повеќе. Кањонот се состои од два дела, горен дел - „место каде водата тече низ карпите“ или на навахо јазикот ”Tsé bighánílíní” и долен дел „спирални камени лакови или ”Hazdistazí”). Првиот дел е попознат и попристапен и затоа е многу посетен.