Дома МАКЕДОНИЈА Одбрани трите најдобри фотографи на тема Волонтерство од Црвен крст – Кичево

Одбрани трите најдобри фотографи на тема Волонтерство од Црвен крст – Кичево

86

На конкурсот Мартина Иваноска го освои првото место, на Едона Пурелку и припадна второто место и Ана Дујковиќ третото место.

Ивана Лазеска од Црвениот крст во Кичево информира дека по повод Светскиот ден на волонтерството, 5-ти декември, Црвен крст на Република Македонија, Општинската организација – Кичево, во периодот од 25-ти ноември до 3-ти декември оваа година беше распишан конкурс за најдобра фотографија на тема „Волонтерство”.

– Од пристигнатите фотографии комисијата ги одбра најдобрите три фотографии. Изразувам благодарност до сите учесници на конкурсот и честитки за победниците: Мартина Иваноска, Едона Пурелку и Ана Дујковиќ, рече Лазеска.