Спортистките сè почесто се соблекуваат за познатиот сајт за возрасни „Only fans“ со цел да заработат дополнителен приход, покрај мизерните плати во спортот. Овој пат, во центарот на вниманието се најде бразилската одбојкарка Кеи Алвеш откако призна дека најголемиот дел од парите ги заработува објавувајќи фотографии, на споменатиот сајт, на кои е разголена.

Минатата година се појавија фотографии на кои е разголена, па многумина веруваа дека некој ѝ го хакнал мобилниот телефон и ги објавил, но на крајот Кеи даде објаснување. По таа непријатна ситуација, бразилската одбојкарка реши да признае дека фотографиите не случајно се во јавноста и дека било само прашање кога ќе се случи тоа.

Имено, Алвеш откри дека отворила профил на познатата платформа, каде што објавува фотографии на кои е разголена и дека заработува многу пари од тоа. Таа призна дека месечно заработува 50 пати повеќе отколку што добива од играњето одбојка. Нејзината месечна претплата на „OnlyFans“ е 15 евра, а стана исклучително популарна откако се прошири веста дека е една од најдобрите одбојкарки во Бразил.

Алвеш неодамна откри дека поради тоа, не ѝ прават проблем во клубот, но призна дека имало соиграчки кои покажале љубомора.

  • Мојот тим ме поддржува иако не сите во него се многу среќни поради тоа. Некои од нив го покажаа своето вистинско лице и сега барем знам кој ми е пријател. Очигледно, на некои луѓе им е криво што заработувам многу повеќе од нив. Сепак, знаат дека не правам ништо што го нарушува имиџот на клубот и на нашиот тим. Им кажав за каква платформа станува зор. Многу луѓе имаа погрешно мислење за „OnlyFans“ – изјави Алвеш.

Бразилската одбојкарка повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, за жал, не поради некоја добра вест.

Бразилските медиуми објавија дека одбојкарката на Осаско Сао Кристовао Саудеа во неделата се здобила со тешка повреда на коленото, поради што ја очекува долга пауза. Имено, на мечот против Пинеирос, по едно приземјување, таа почувствувала болка во коленото и веднаш побарала помош. Јасно е дека се работи за тешка повреда, но никој не очекуваше дека ќе мора толку долго да биде надвор од теренот.

Клубот соопшти дека оваа 22-годишна девојка, за жал, е тешко повредена и дека нејзиното закрепнување ќе трае меѓу шест и осум месеци. Таа ќе мора да оди на операција, а потоа постепено ќе започне со закрепнувањето.

  • Твоите сила и решителност и овој пат ќе направат разлика. Нашиот лидер на теренот, Ки Алвеш, се здоби со тешка повреда на последниот натпревар и мора да оди на операција. Ти посакуваме брзо закрепнување и се гледаме на теренот. Сите сме со тебе – објави нејзиниот клуб.