Одбележан Светскиот ден на првата помош во Струмица

98

Светскиот ден на првата помош -14 Септември се одбележа денеска со показна вежба за евакуација и спасување од возила при сообраќајна несреќа. Одбележувањето е организирано од Општинската организација на Црвен крст Струмица, а вежбата се одржа во центарот на градот.

Маријана Тошева, секретар на Црвениот крст- Струмица, информираше дека денешната вежба е во рамки на кампањата „Твоето незнаење чини живот”.

– Во денешната вежба учествуваа 60 припадници на повеќе организации и институции, а сите учесници своето знаење го демонстрираа на извлекување и давање прва помош на повредени во „сообраќајна несреќа”. Во неа учествуваа две возила, а седум лица беа повредени. Со таквите вежби сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за навременото и правилно давање на прва помош и барем еден член на секое семејство да биде обучен за пружање на прва помош, рече Тошева.

Вежбата се организираше во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица, СВР-Струмица и Здравствен дом – Струмица.