Објектот „Маргаритки“ доби сензорна градина

181

Сензорниот и моторниот развој кај децата од предучилишна возраст ќе се зајакне и стимулира со новоотворениот сензорен двор, односно сензорна градина, која во објектот „Маргаритки” на ОЈУДГ „Димче Мирчев” во населбата „Дворови” во Велес беше официјално ставена во употреба.

– Благодарност до вработените во детската градинка и општествено одговорните компании кои го препознаа значењето на овој проект.Општина Велес во идниот период ќе ги подобри условите за престој на нашите најмили во детските градинки – истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Сензорната градина е изградена со сопствени средства на детската градинка и со поддршка во градежни материјали од неколку општествено одговорни компании од градот.