ОБЈАВЕНА ПРОГНОЗА ЗА ЗИМАТА ВО ЕВРОПА: Податоци кои ги изненадија дури и метеоролозите

Агенцијата ќе ја обнови својата зимска прогноза следниот месец кога ќе бидат активни сите подвижни сили кои го одредуваат времето во зимските месеци, па прогнозата веројатно ќе биде нешто попрецизна.

431

Температурите оваа зима ќе бидат една од главните грижи на Европејците кои се справуваат со поскапувањето на енергенсите. Степен подоле или погоре одамна немал толку важна улога, а метеоролозите ширум континентот работат на тоа да дојдат до најточните можни проценки за овогодинешната грејна сезона.

„Веројатно зимата ќе биде потопла од вообичаено. Но, сè уште постои значителна шанса за блокирање на протокот што може да донесе студен воздух и слаб ветер над Европа“, изјави за АФП Карло Буонтемпо, директор на програмата за следење на климатските промени Коперникус, а пренесува vespereni.hr.

Тоа блокирање на протокот во зима често носи стабилно, но изразено студено време. Коперникус вообичаено прави сезонски прогнози за Европскиот центар за временски прогнози (ECMWF).

„Ни се чини дека тие настани може да се случат во ноември, но сега се чини дека ќе има позначаен студен фронт во декември“, рече Буонтемпо, потсетувајќи уште еднаш дека синоптичарите го прогнозираат времето, но не можат да го предвидат.

Европската зима се очекува да биде потопла поради глобалниот временски феномен ЛЕл Нињо, кој е поврзан со ладење на површинските температури во централниот и источниот екваторијален Тихи Океан.

Агенцијата ќе ја обнови својата зимска прогноза следниот месец кога ќе бидат активни сите подвижни сили кои го одредуваат времето во зимските месеци, па прогнозата веројатно ќе биде нешто попрецизна.