Финалниот дуел на Светското првенство во Катар, помеѓу репрезентациите на Франција и Аргентина е главна тема и во спортските обложувалници. Кога е во прашање победничкиот трофеј, најпознатите обложувалници во светот мала предност му даваат на бранителот на тронот. За „Галските Петли“ коефициентот е 2.75, додека за „Гаучосите“ коефициентот е 2.8. За натпреварот да заврши без победник во регуларните 90 минути коефициентот е 3. Идентичен е кофициентот дека Килијан Мбапе ќе постигне погодок во финалниот дуел, а тој за Лионел Меси е 3.5.