Обележани паркинг места за лица со посебни потреби на ул. „Орце Николов“

323

Службата за бележење на хоризонтална сигнализација на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ) денеска ги бележеше паркинг местата наменети за лица со посебни потреби на улица „Орце Николов“ со цел да им овозможи непречено и безбедно функционирање во општината.

-Согласно Правилникот за урбанистичко планирање каде што е дефинирано дека три проценти од вкупниот број на паркинг местата треба да бидат издвоени и резервирани за лица со инвалидитет, на оваа улица се обележани со хоризонтална и вертикална сигнализација три паркинг места за лица со посебни потреби – информираат од ЈП ПОЦ.

Од претпријатието апелираате до сите граѓани да паркираат совесно и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно. Сите непрописно паркирани возила кои ќе бидат затекнати на места означени за лица со посебни потреби ќе бидат отстранети со специјалното возило „пајак”.