Обезбеден потписот на Угарте

52

Старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, е на добар пат да излези како победник во трката по стандардниот првотимец во дресот на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон, Мануел Угарте. Француските медиуми открија дека репрезентативецот на Уругвај веќе ги има договорено личните побарувања со раководните лица на ПСЖ, но двата клуба се уште не постигнале договор околу обештетувањето кое нема да биде помало од 60 мил. евра.