Обамејанг достапен за Челзи

76

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека раководните лица се подготвени да стават крај на соработката со брзоногиот напаѓач, Пјер Емерик-Обамејанг. Поранешниот фудбалер на Борусија од Дортмунд и на Арсенал важи за голема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а таа желба ќе стане реалност ова лето доколку официјалната понуда за обештетувањето не биде помала од 25 мил. евра.