Некои спортисти со својата градба се предодредени за одредени спортови, но секој спортист има свои законитости во тренингот кој одредува како телото ќе се формира.  Фудбалерите и велосипедистите развиваат силни нозе, пливачите широки раменици, а митот вели дека кревачите на тегови порано престануваат да растат.

Во поголемиот случај промените и евентуалните деформации кои настануваат на телото само се последица на жртвувањето на спортистите да дојдат до врвни резултати.

Но во денешно време со помош на друштвените мрежи спортистите стануваат жртви, особено кога станува збор за женскиот спорт во кој натпреварувачките имаат малку облека на себе. А што е спортот понепопуларен, полуголите девојки се причината за интерес од страна на машката публика.

Совршен пример е синхронизираното пливање, а британските олимпијки Кејт Шортман (19) и Изи Торп (20) велат дека ги исмевале, бидејќи изгледале како машкуданки или премногу слабо и истовремено ги исмевале поради малите гради и задници.

-Пливачите развиваат широки рамена, а кога бев млада секогаш носев широка облека за да ги прикријам и да ги направам незабележани. Кога и да ставев слика на социјалните мрежи, ги обработував за рамениците да не се гледаат сè со цел да ги избегнам негативните коментари, изјави Торп.

Тука не се работи само за нормалните тинејџерски комплекси туку и во јавното понижување во училиште, па дури и на тренинзите.

-Луѓето на базен ми бараа да се покријам. Носиме едноделен костим како и сите останати, но заради нашата градба тие стојат повисоко во колковите. Смешно е што момците можат да шетаат наоколу во „Спидо“ гаќички, а доколку на девојките им се види нешто повеќе ги обвинуваат за покажување на телото, вели Шортман.

Но, двете открија дека научиле да живеат со негативните коментари на социјалните мрежи.

-Ни велат дека имаме мали газиња или гради, но тоа е така заради спортот што го сакаме. Кога тренираш 40 часа неделно, нормално дека нема да имаш облини. Тоа е заради спортот, а не дека сакаме да изгледаме така, објаснија девојките.

Од таа причина двете девојки учествуваа во кампања за долна облека и направија неколку уметнички фотографии во бикини. Не сакаат ниедна жена да се срами од своето тело.