Нов мега скандал ни доаѓа од САД, каде што поранешната НФЛ-ѕвезда, Адам „Пакмен“ Џонс, се најде во жестока физичка пресметка во еден бар во Синсинати.

Џонс, кој помина 13 години во престижната НФЛ-лига, влезе во физичка пресметка со другите гости во барот, а воедно се изгледало многу насилно.

Според полицискиот извештај, „Пекмен“ го нокаутирал келнерот, па почнал да го шутира додека не ја загубил свеста, а потоа настанал целосен хаос. Почнале да се удираат боксови и шлаканици кој-кого стигне, па почнале да летаат и столчиња, а на крајот Џонс и уште неколкумина заврија во полициска станица.

Корнербекот ја започна својата кариера во НФЛ-лигата со „Титаните“ од Тенеси, играше и за Далас Каубојс и Денвер Бронкос, а помина седум години и во Синсинати Бенгалс.

Тој и претходно имаше проблеми со законот, а во 2007 година беше уапсен по пукање во клуб во Лас Вегас, но успеа да мине со парична казна. Овој пат тешко дека ќе се спаси само со парична казна.