Норвешка го укина карантинот за невакцинираните патници

30

Норвешките власти го укинаа условот за карантин за невакцинираните патници кои пристигнуваат во Норвешка, а мерката ќе стави во сила вечерва на полноќ.

Граѓаните кои моментално се во карантин при влез во државата ќе бидат ослободени од него на полноќ на 26 јануари 2022 година, соопшти норвешкото Министерството за надворешни работи.

Условот за онлајн пред-регистрација останува за сите патници во Норвешка, без оглед на нивниот статус на вакцинација. Од невакцинираните патници се бара имаат негативен тест за Ковид-19 направен во рок од 24 часа пред да влезат на норвешка територија (или да се качат во авион) и да се тестираат на граничен премин.

Од 26 јануари 2022 година, карантинот за членови на домаќинство во кое има заразен со коронавирусот, може да се замени со секојдневно тестирање на Ковид-19.