Нов светски рекорд во возење велосипед со 280 км/час
Со брзина од 280,557 км/час, на авионската писта Елвингтон во северен Јоркшир, Британецот Нил Кембел постави нов светски рекорд во брзо возење велосипед. Кембел за 14 километри на час го надмина досегашниот светски рекорд што 24 години го држеше Холанѓанецот Фред Рампелберг, поставен во Солт Лејк Сити, САД. Велосипедот на Кембел го повлече Порше Кајен пред да почне со сопствена сила да вози по пистата долга 200 метри и ја достигна рекордната брзина. Британецот најави дека амбиција му е со велосипед да достигне брзина од 350 километри на час.