Наскоро нов парк на „Трета македонска бригада“ во Аеродром          

247

Аеродромци наскоро ќе добијат нов парк што ќе се протега меѓу булеварот „Трета македонска бригада“ и касарната „Гоце Делчев“.

Урбаниот парк ќе биде со површина од 2.500 квадратни метри и ќе содржи зелени површини, пешачки патеки со клупи, спортско игралиште за рекреација на младите и детско игралиште.

– Ги претвораме неуредените простори во убави места каде што граѓаните ќе поминуваат пријатни моменти – информираат од општина Аеродром.