Новото лого на Твитер веќе е видено на Евровизија 2018/ВИДЕО

1015

Твитер и официјално доби ново лого, а познатата птица ја наследи Х. Тоа е дел од ребрендирањето, а акцијата ја иницирал контроверзниот Илон Маск.

Неговиот потег веднаш наиде на критики, бидејќи многумина тешко се откажаа од птицата.

И организаторите на Евровизија ја дочекаа веста подготвена. Тие потсетија на изданието од 2018 година, кога убавата пејачка Ајсел го претставуваше Азербејџан во Португалија.

Таа не се пласираше во финалето, но интересен е насловот на песната – „X My Heart“.

За време на настапот на сцената можеше да се забележи знак сличен на денешниот Твитер, па евровизиските фанови се во дилема – дали Маск ја копираше азербејџанската убавица?