Новооткриени видови пајаци наречени по легендите на метал музиката

175

Четири нови видови на пајаци кои биле откриени неодамна, добиле имиња по славните музичари на бендовите Ајрон Мејдн, Деф Лепард, Скорпионс и Ангра.

Новите пајаци ги открила бразилскиот биолог Кристина Рејмс, од Институтот за биолошки истражувања во Сао Паоло, а која е голем фан на хеви метал музиката.

Новооткриените пајаци живеат во тропските области на потегот од јужно Мексико до Аргентина. Нивните имиња се:

Extraordinarius bruceickinsoni по пејачот и фронтмен на Ајрон Мејдн, Брус Дикинсон,

Extraordinarius klausmeinei по Клаус Мајне од Шкорпионс

Extraordinarius rickalleni по Рик Ален, тапанар во бендот Деф Лепард и

Extraordinarius andrematosi по Андре Матос од групата Ангра.

Таа истакнала дека сакала еден вид пајак да го нарече по тапанарот на Деф Лепарад, Рик Ален.

„Отсекогаш сакав да му оддадам чест на Рик Ален, бидејќи е позитивен пример. Тој е тапанар кој ја загуби едната рака и ја продолжи кариерата учејќи да свири само со една рака. Затоа тој доби еден Extraordinarius“, објаснила Рејмс.