Нови 21 случаи на Ковид-19, од нив 11 се од Тетово, нема починати

55

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.227 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 11, Скопје и Куманово  – по 3, Струга -2, Гостивар и Штип – по 1.

Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 2, Битола, Тетово и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.