Нови 1 008 садници на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало

49

Улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало се зазеленува со нови 1 008 нискостеблести и грмушести садници, информираат од Општина Центар.

Грмушестите растенија ќе се садат покрај новиот дрворед од 15 јавори кои без засадени на почетокот на минатиот месец откога претходно беа исечени старите и болни дрва поради поплаките од жителите од околината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска извршил увид во садењето кое ќе се одвива и во текот на наредните денови.

– Новите садници кои се садат денеска повторно ќе го вратат препознатливиот зелен лик на улицата „Орце Николов“. Овие ниско грмушести растенија ќе се засадат долж целата улица и освен декоративната улога, ќе го следат движењето на улицата и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Ние ветивме дека општина Центар ќе стане зелена општина и почнуваме веднаш. Имаме зелена програма која ќе го разубави Центар со нови паркови и нови зелени површини, изјавил Герасимовски, пренесуваат од општината.

Дополнуваат дека според проектот за реконструкција на „Орце Николов“, зеленилото на улицата со новите садници ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто од пред почетокот на инфраструктурните зафати.