Новинарката од Нов Зеланд, Шарлот Белис, беше единствената жена во просторијата на првата прес-конференција на Талибанците. Белис од 2019 година работи како репортер на Al Jazeera од Авганистан

Во време кога илјадници жени од Авганистан се плашат за своите човекови права, Белис храбро ги праша Талибанците дали ќе им дозволат на жените да одат на работа, а на девојчињата на училиште.

Нејзината руса коса ѕиркаше под марамата која ја носеше на прес конференцијата и беше смирена среде таа тензична ситуација додека им поставуваше „чувствително“ прашање на новите владетели на Авганистан.

„Која гаранција можете да им ја дадете на жените и девојчињата дека нивните права ќе бидат заштитени?“, праша Шарлот Белис.

Доби одговор дека жените ќе ги имаат своите права сè додека го почитуваат шеријатскиот закон, затоа што тие се клучен дел од општеството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlotte Bellis (@charlottebellis)