Нова песна и нов спот – Сексипилната Дани Димитровска ќе бега?!

177

Пејачката Дани Димитровска поодамна ја нема со некоја нова песна. Но еве со почетокот на летото, Дани ќе не освежи со новиот хит насловен како „Бегаме“. Дали Дани од топлите африкански денови ќе бега на некое море со дечкото, не открива и дали можеби песната за тоа зборува или темата е некоја сосема десета? Како и да е сексапилната Дани на фановите им подарува една убава летна песна. Создадена е во соработка со Бранислав Николов од групата “Фолтин“ попознат како Пијан Славеј. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот го потпишува Јордан Манов кој продукциски застанува зад овој проект.

Дани, не издржа па ја разреши деилемата за содржината на песната. Таа објасни дека „Бегаме е одраз на човековата површност во модерниов колектив: отуѓеност, раздвоеност, страв од одговорност и посветеност како начин на функционирање.
За песната е направено и видео. Главните протагонисти во ова видео се вистинската љубовна двојка. Тие се Лазар и неговата девојка Сара кои се препознаа во “Бегаме”. Тие со задоволство прифатија да ја “одиграат” својата љубовна врска и пред камерите. Видео записот за „Бегаме“ го изработи “2by4 Digital“, кои се нови во областа на видео продукција, но се добро познати на сите дигитални платформи. (Д.М.)