Нова корона-мапа: Југот на Европа во портокалова и црвена боја, делта сојот прави хаос

351

На картата која ја објавува Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) има значителни промени. 

Картата се ажурира секоја недела, а се работи за најважната мапа за коронавирусот во Европската унија, бидејќи земјите членки носат мерки и одредени правила за влез во некои земји, токму поради бојата што таа земја ја има на оваа карта.

Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.

Според најновата карта, евидентно е дека состојбата се променила во однос на минатата недела.

Речиси цела Франција, мал дел од Италија, како и повеќе од половина од Грција, се во портокалова боја. Потоа, поголемиот дел од Данска, помалите делови на Шведска и Финска се исто така портокалови.

Во црвената зона се наоѓаат Португалија, повеќе од половина од Шпанија, Ирска, Луксембург, една третина од Холандија, дел од Грција (Лефкада, Олимпискиот регион, Кефалонија, Закинтос), мал дел од Данска и Малта.

Областите со најтешка епидемиолошка состојба се обележани со темно црвена боја. Оваа недела делови од Шпанија и Холандија, Кипар и Крит се обележани со таа боја.