Нова зелена површина во Карпош 1

875

Во Карпош 1, на улица „Иван Аговски“ (меѓу зградите 8 и 10) е засадена нова трева на површина од 1.300 квадратни метри, украсни растенија, а е поставен и систем за наводнување.

– Тука предвидуваме и ново детско игралиште и корпи за отпадоци, а изведбените активности почнуваат следната недела. Лани го ресетиравме „Сокол“, а и овој маалски центар ќе придонесе во унапредување на маалската дружба во населбата – информира градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.