Поранешниот тренет на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, Германецот Борис Бекер, го кажа своето размислување за целата ситуација околу организацијата на првиот грен слем турнир – Австралија опен.

  • Загрозени се повеќе од 128 тенисери. Третина од нив сигурно ќе бидат во лоша состојба на Австралија опен, поточно кога ќе излезат од карантин, бидејќи подолго време немаат ниту излезено на чист воздух и воопшто немаат игранои тенис. Без разлика коку тренизи имаат направено во соба, немаат играно, а ќе имаат само една недела да се подготват екстремно тешки услови со високите температури во Австралија Тоа не функционира на таков начин. Зимските подготовки беа залудни. Морате да се запрашате дали се тоа фер услови за сите. Како организатри морате да се запрашате дали е ова разумно?, вели Бекер.

Германецот се осврна и на писмото кое Новак Ѓоковиќ им го напиша на организаторите и побара подобри услови за подготовките додека трае карантинот.

  • Точките кои Новак ги наведе во писмото беа точни и легитимни. Имате чувство дека Ѓоковиќ моментно може да прави што сака, но во исто време добива и многу критики. Во овој случај, навистина неоправдано. Сакаше да се заложи за играчите, да созададе подобри услови за сите, но остро беше критикуван, дури и од премиерот на земјата. Мислам дека за Австралија, а особен за Мелбурн важно играчите да дојдат. Тоа е добро за градот и економијата. Морате да се однесувате кон играчите со почит, заврши шесткратниот грен слем шампион.